Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе биде домаќин на заменик претседателот на Социјалистичка Република Виетнам Нгујен Ти Зоан, која ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
По официјалната церемонија на пречек, шефот на државата ќе има тет-а-тет средба со Зоан, а делегации на двете држави ќе одржат пленарен состанок.
Зоан ќе има средба и со претседателот на Собранието Трајко Вељановски.
Повод за посетата е продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес меѓу двете држави, како и искористувањето на сите можности за зајакната економска соработка.