Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи тркалезна маса како дел од проектот „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето во Македонија“.
На тркалзезната маса на која ќе бидат презентирани резултатите од првата фаза на Студијата за опасен отпад, ќе присуствува и министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.
Учесниците ќе дискутираат и за натамошните чекори во управувањето со отпадот во државата.