Линта: ЕК да ја предупреди Хрватска на нејзините обврски

Од:

Претседателот на српската Коалиција на здруженија на бегалци Миодраг Линта денеска ја повика Европската комисија да упати предупредување до Хрватска бидејќи ги нема исполнето обврските преземени со договрот за пристапување кон унијата.

– Голем број факти покажуваат влошување на состојбата на Србите откако Хрватска влезе во ЕУ. Зголемен е бројот на националистички испади насочени кон Срби, а атмосферата се повеќе потсетува на деведесеттите години, изјави Линта.

Коалицијата на здруженија на бегалци нагласува дека Хрватска со Договорот за пристапување кон ЕУ потпишан на 9 декември 2011 година се обврзува дека ќе продолжи со подобрување на домашните предмети за воени злосторства и дека ќе продолжи да ја јакне заштитата на малцинствата, вклучително ефикасно спроведување на Уставниот закон за правата на малцинствата.

Според Линта Хрватска по потпишувањето на Договорот за пристапување кон ЕУ во 2011 година драстично ги намалува буџетите за 2012, 2013 и 2014 година за решавање на проблемите на Србите бегалци и нивно враќање во Хрватска.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб