Орото „Копачка“ на УНЕСКО листата за нематеријалното културно наследство

Од:

Македонското оро „Копачка“ што автентично го негува истоимената фолклорна група од делчевското село Драмче, е запишано во репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство, информира УНЕСКО.

– Горди сме и среќни што Комитетот на УНЕСКО составен од 24 земји, на своето последно заседание во Париз донесе одлука орото Копачка да се впише во репрезентативната листа на светското нематеријално културно богатство, изјави раководителот на „Копачка“ Димитар Узунски.

Според Зенил Реџепов, кореограф на КУД „Гоце Делчев“, на чиј репертоар се игра ова автентично машко соборско оро, со одлуката на УНЕСКО е зголемена и одговорноста на сите фолклорни групи и културно-уметнички друштва „Копачка“ да го презентираат и автентично да им го пренесуваат на идните генерации.

– Патот на „Копачка“ до репрезентативната листа на УНЕСКО почна со апликацијата на Република Македонија преку Министерството за култура во 2011 година, заедно со штипскиот обичај „четрсе“ кој исто така е запишан во листата на нематеријалното културно наследство.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска