Грчките власти ги демантираа информациите во македонските медиуми, дека шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос на средбата со македонскиот министер Никола Попоски изнел мислење дека Македонија нема територијални претензии кон Грција.
„Ова е неточно и вакво гледиште никогаш не беше изнесено. На состанокот меѓу двајцата министри, што се одржа на барање од министерот за надворешни работи на ПЈР Македонија, и што беше од запознавачка природа, присуствуваа претставници на високо ниво од двете страни и таква изјава не беше дадена.
– Ова најверојатно е добропознатата тактика на Скопје да креира сензации за домашна употреба, што ја потврдува оценката дека не покажуваат искрени желби и намери да се најде решение”, изјави Григорис Делавекурас, портпарол на грчкото МНР.