Пронајдена статуа стара 23.000 години

Од:

Статуа на жена изработена од креда, стара 23.000 години, е пронајдена во градот Амиен во северна Франција, а повеќе експерти оваа палеолитска „Венера“ ја оценија како „извонредна“.

– Откритието на ова ремек дело е од исклучително и од меѓународно значење, изјави Никол Фуи-Једид, регионален директор за прашања од културата, додавајќи дека претходното откритие на ваков предмет во Франција било пред 50 години.

Статуата е пронајдена во текот на археолошко испитување во квартот Ренанкур во центарот на Амијен, на само четири метри длабочина.

– Очекуваме да најдеме вообичаеми остатоци како што се делкан камен и делови од коски“ рече Клемент Пари, шеф на археилошкиот тим што ја пронајде статуата.

Тој нагалси дека на вторитден од ископувањето, 15-те археолози пронашле купиште вар во кој некои фрагменти не изгледале природно.

– Истата вечер внимателно реконсруиравме 20 фрагменти и сфативме дека тоа е фигура на жена, изјави археологот.

Се претпоставува дека статуата се распаднала под дејство на мраз. Со примена на јаглерод 14, прецизно е утврдено дека „Венера од Раненкур“ е стара 23.000 години, што одговара периодот во кој живееле Кромањонците, рече Пари.

Статуата од креда е висока десет сантиметри и претставува жена со големи гради и голем задник. Рацете и главата не се детално прикажани. – Таквото прикажување, ја поажува желба да се направи симболична слика на жена, фокусирана на плодноста, додава археологот.

Постојат стотина статуети од ваков вид и од тој период откриени во Европа, пред се во Русија, во средноевропските земји и во Франција. Во Франција досега е пронајдени 15 вакви статуетки и тоа воглавно во југозападните делови на земјата.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска