Поставен камен темелник за нов театар и библиотека во Тетово

Од:

Во близина на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово денеска беше поставен камен темелник за изградба на нов театар и библиотека.

Според директорот на Центарот за култура Хаки Фазлиу, кој е координатор за реализација на проектот, објектот треба да биде изграден за три години, а од Владата односно Министерството за култура се предвидени 13 милиони евра.

– Сметам дека новиот објект ќе овозможи подобри услови за реализирање на културните активности во Тетово и тетовско и претставуваше голема потреба за сите жители без разлика на нивната национална и верска припадност, изјави Фазлиу.

Државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби истакна дека поставувањето на камен темелникот за објектот во Тетово недвосмислено ја покажува намерата на Владата и Министерството за изградба на нови објекти, онаму каде што има потреба.

– Сметам дека новиот театар и библиотеката ќе бидат нов импулс за развој на културата, соживотот и Тетово како град на културата, кој имаше нужна потреба за еден ваков објект. Идејното решение за овој проект доби и меѓународна награда и кога ќе се изгради ќе претставува модерна градба, која е во тек со модерните светски стандарди, рече Шехаби.

На свеченоста присуствуваа вицепремиерите Муса Џафери и Фатмир Бесими, министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, пратеникот Талат Џафери и градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси насилник кој си ја истепал сопругата

Тетовец остана и без пари и без возило

(ВИДЕО) Сестрата на Теодора: Само две години за тој што ја уби, колку вреди животот во Македонија

Две години затвор за Менсур Пајазити кој ја прегази 22-годишната Теодора

Катерина Ѓуровски

Шаќири: Струјата од трафостаница до модуларната болница во Тетово е направенa од две неквалификувани лица од тетовската болница

Горан Наумовски

„Ќе и кажам на твојата сопруга дека детево е твое“ – тетовка го уценувала вонбрачниот партнер