Рано откривање и навремена интервенција за третман на рак на дојка

Од:

Борбата против ракот на дојката мора да се води мултидисциплинарно и со индивидуален пристап кон секој од пациентите. Мултидисциплинарниот пристап ги обединува специјалистите и супспецијалистите радиолози, патолози, хирурзи, онколози во намерата да се спасат што повеќе животи и пациентот да може да го продолжи животот со поголема самодоверба, охрабрени, мотивирани и излекувани.

Ова денеска на прес-конференција го истакна проф. д-р Андреја Арсовски, торакален хирург, стручен директор на приватната општа болница Ре-Медика, кој рече дека најдобри резултати во третманот на ракот на дојката се постигнуваат со раното откривање и навремената интервенција.

Посочи дека располагаат со најсовремен дигитален мамомат, надграден со систем за стереотактични инвазивни процедури кој е единствен во Република Македонија и ултразвучен апарат со специјално конструирана мултифреквентна сонда, со можност за правење доплер студија и Micro pure студија за детекција на микрокалцификати.

– Тука се изведуваат сите инвазивни дијагностички процедури за додиференцирање на патолошките промени водени под ехо и мамографија. По извршениот хируршки зафат, оперативниот материјал се испраќа во хистопатолошка лабораторија, на натамошно испитување. Целта на овие испитувања е да се одредат сите карактеристики на малигните клетки, како и стадиумот на болеста. Овие параметри се клучни за правилен и современ третман со хемотерапија, хормонална терапија, херцептин, зрачна, како и најсовремена таргет терапија, рече Арсовски.

Додаде дека потполното излекување подразбира комплетно враќање на пациентите во сите професионални, семејни и други активности за што честопати е потребно да се направат и реконструктивни естетски интервенции, како и континуирана психолошка поддршка.

Би можело да ве интересира

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски