ГШ на АРМ:По информацијата за кривична пријава, Маноилов не бил на стража 8 месеци

Од:

До МО односно до ГШ на АРМ пристигнала официјална информација од МВР за кривична пријава за насилство покрената против професионалниот војник Драган Маноилов, по што осум месеци, односно од јуни 2013 до февруари 2014 година, тој не е одредуван да извршува стражарска служба, иако од стручен аспект бил примерен војник, информираше денеска портпаролот на ГШ на АРМ, Мирче Ѓоргоски.

Тој посочи дека веќе е формирана Комисија во која покрај стручни лица членува и психилог и треба да донесе заклучок по испитувањето на немилиот настан.

Ѓоргоски нагласи дека професионалниот војник Маноилов на работното место не покажал какви било индикации или однесување со кое би привлекол внимание кај претпоставените за да преземат дополнителни мерки.

– Нашите информации зборуваат дека чинот на кој се одлучил е предизвикан со нешто, можеби со некаква информација што ја добил. На 24 ноември извршувал должност без проблем и немало никакви знаци кај него дека е растревожен, рече портпаролот на ГШ на АРМ, додавајќи оти припадниците на Армијата додека се на стражарско место немаат право да носат мобилен телефон, туку само средство за врски од АРМ.

Мајорот Башким Селмани, командант на единицата, го оцени од војнички аспект починатиот Маноилов како сериозен, стабилен и многу професионален војник. За капетан Горанчо Атанасов од Секцијата за безбедност на истата единица, Маноилов бил чесен, другар и, како што рече, домаќин.

Инаку, за време на конфликтот во 2001 година Маноилов не бил распореден во единица за логистичка поддршка и не бил изложен на некаков стрес.

Според невропсихијатарот во Воено-медицинскиот центар и за приемот во службата на АРМ, и пред упатување и по враќањето од мировната мисија ИСАФ во Авганистан во 2013 година не е констатирана никаква патологија односно дека има одредени проблеми. Психолог од Воено-медицинскиот центар денеска тврдеше дека конзилијарното мислење од тројца психолози за Маноилов е дека нема никакви индикации, напротив се покажале одлични резултати.

– Пост трауматскиот стресен синдром е заболување кое е блиско поврзано со некое непријатно психолошко доживување односно стрес од различен вид и тој стрес ја загрозува физичката или психофизичката рамнотежа на лицето кое е изложено на стресот, појасни невропсихијаторот од Воено -медицинскиот центар, додавајќи оти стресот не е акутна реакција, туку е одложена реакција која може да се јави по неколку недели до 6 месеци и траат најмалку еден месец. 

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната