На Youtube се појави видео-снимка на која се гледа дека во една соба буквално се произведуваат пасоши. Видеото е насловено „Тајна фабрика за производство на пасоши“.
Неделникот „Фокус“ објави цела статија и алармира материјалот што тие го добиле од анонимен граѓанин да го погледне Јавното обвинителство, да не замижува пред доказите, да отвори истрага и да провери каде е просторијата каде што се изработуваат пасошите, колкава е групата, со каква цел се правени тие, и колку вакви пасоши се издадени.
Прашање со кое треба да се позанимава Обвинителството, како печат со перниче во мастило завршил во приватен стан, чиј е, дали е оригинален или фалсификат?
Во видеото освен човек кој што најверојатно го снимал видеото, е и жена која е повозрасна и е со шамија преку главата, од податоците најверојатно родена во Битола, а со пасош од Република Турција.
Човекот наредува да се продолжи со договорениот план иако е нејасно за каков план станува збор и кој ја издава наредбата.
„А бе кој ќе се расправа сега. Мајката нивна комунистичка. Слушај, батали ги таму, што ги онадиш. Дајте, ајде, соберете се, ајде ти, ти, ајде работи. Дотерувај ги работите, нека одат работите понатаму“, говори гласот од видеото.
Не може јасно да се види чии се имињата на патните исправи. Има целосно завршени пасоши, а на некои целосно не е поставена биометриската страница.
Собата, во која има на подот тепих, каде што се „штанцале“ патните исправи, некој ја користел како теретана.
Неделникот „Фокус“ контактирал и со МВР за да дознаат дали полицијата има сознанија или можеби води истрага за тајна изработка на пасоши на некоја локација во Македонија.
„До МВР нема пријава од страна на ниту едно оштетено физичко или правно лице, дека му биле украдени или исчезнати два AFIS системи“, изјави Иво Котевски, помошник министер во МВР.
Во МВР не е пријавен случај дека некој некаде изработува патни исправи.
За локалните избори во 2011-та се појавија многу лица од Пустец кои имаа валидни патни исправи, а по 70-тина имаа живеалиште на иста адреса. Едмонд Темелко вели дека нема точна евиденција колкумина имаат државјанства и извадено пасоши, иако во изјава за А1он, една од жителките од Пустец, која гласаше во Основното училиште „Коле Неделковски“, токму Темелко го посочи дека ги организирал да доаѓаат да гласаат во Скопје, или поточно во Општина Центар.
„Фокус“ посочува дека е неизвесно дали Обвинителството ќе ги „улови“ неовластените издавачи на пасоши, ако се знае дека Обвинителството ги има сите докази за исчезнатите AFIS системи а не покренува обвинителен акт, за вмешаните актери.
Меѓунив, посочува „Фокус“ има и професори и министри.