Тројца добитници на наградата „Св. Климент Охридски“ за 2014 година

Од:

Историчарот проф. д-р Амет Шериф и биохемичарот проф. д-р Велимир Стојковски во областа на воспитанието и образованието, и академик Цветан Грозданов, историчар на средновековната уметност, во областа на културата, се добитници на државната награда „Св.Климент Охридски“ во 2014 година.

Одлуката ја донесе одборот за доделување на наградата под претседателство на академик Витомир Митевски, која на годинашните добитници ќе им биде врачена на 8 декември 2014 година во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

Наградата „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Наградата за животно дело од Општина Битола за актерот Борис Чоревски

Отворен конкурсот за наградата за најдобар превод „Драги“ 2024

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

Рабије Мурати и Антонио Митриќески добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

Доделена државната награда „22 Ноември“

A1on

Познати добитниците на наградата „13 Ноември“