Демонстрантите ја попречувале парадата по повод Денот на благодарноста

Од:

Група активисти, незадоволни од одлуката да не се покрене обвиение против полицаецот Дарен Вилсон за убиство на невооружениот тинејџер Афроамериканец, Мајкл Браун, ја попречија вчера традиционалната парада по повод Денот на благодарноста, при што полицијата упаси најмалку седуммина демонстранти.

Активистите уште завчера ги објавија своите планови за попречување на традиционалната парада по повод Денот на благодарноста, во рамките на која илјадници маскирани учесници во свечената поворка минуваат низ улиците на Менхетен, придружувани со музика.

Весникот „Њујорк пост“ пишува дека повеќе десетици активисти во средата се собраа на една локација во центарот на Менхетен, со цел да го разработат планот за попречување на парадата.

– Полицијата нема да не уапси и нема да пука кон нас, изјавил за весникот организаторот на акцијата за попречување.

Парадата по повод Денот на благодарноста секоја година во живо се пренесува на американската телевизија, а ја следат милиони гледачи ширум светот.

На социјалната мрежа Твитер се појави информација дека њујоршката полиција побарала од телевизиските станици да не ги пренесуваат протестите.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас