Министри од 58 европски и африкански земји доцна синоќа разговараа во италијанскиот главен град Рим за проблемот со имиграцијата во рамките на „Процесот од Рабат“.
Оваа четврта по ред конференција од т.н. Процес од Рабат за дијалог меѓу Европа и Медитеранот за имиграција и развој ни даде повод да ги надминеме целите, изјави со задоволство сенегалскиот министер за внатрешни работи Абдулај Дауда Диало.
– Имиграцијата е проблем како за Северот, така и за Југот, изјави Диало на конференцијата.
Според него за Африка не е добро да губи голем дел од работната сила, додека европските земји наоѓаат луѓе за кои не можат да се грижат.
Пред неколку недели во Рим се одржа гневен протест на жители на сиромашен кварт против имиграциски центар, во кој според нив се трошат држани средства и го зголемува криминалот.
– Токму на овие стравови треба да се стави крај, изјави мароканскиот министер, одговорен за марокански граѓани во странство, Анис Биру.
Новата Европска комисија што почна со работа на почетокот на месецот, работи врз позитивниот аспект на имигрантскиот прилив, објасни шефот на европската дипломатија Федерика Могерини.