Мигрантите се веќе над 25 проценти од австриското население

Од:

Во Австрија процентот со миграциско потекло забрзано се зголемува, и од 21,4 во 2015 година, сега е 25,4 отсто. Ова го соопшти денеска Федералниот завод за статистика и според податоците во Австрија најголема група се Германците, кои се 217.000 и Романците со 140.000. Следуваат Србите кои во Австрија ги има 122.000, а 118.000 се Турци.

Според извештајот на Заводот, поради руската инвазија бројот на украински граѓани во Австрија е зголемен за четири пати, па, додава ДПА, додека на почетокот на 2022 година во Австрија живееја околу 13.000 Украинци, на почетокот на април веќе имало речиси 53.000.

-Австриската популација расте исклучиво преку имиграција; без неа, населението долгорочно ќе се врати на нивото од 1950-тите, согласно прогнозите за населението, изјави генералниот директор на Федералниот завод за статистика на Австрија, Тобијас Томас.

Прелиминарните податоци покажуваат дека на 1 април Австрија имала вкупно население од 9.027.999 граѓани.

Би можело да ве интересира

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче

Авганистанец уби три жени во Виена