САД обвинија четири компании за договарање цени на металите

Од:

САД обвинија четири големи банки и компании за наводно договарање на цените на металите, јави Би-Би-Си.

Обвинение е покренато против американската банка „Голдман Сакс“, британската ХСБЦ, германскиот хемиски гигант БАСФ и јужноафриканската „Стандард Банк“.

Во обвинението се наведува дека четирите компании во период од осум години, од 2007 година, па досега, ги договарале цените на платината и паладиумот, кои се утврдуваат двапати на ден. Овие метали се користат за изработка на накит, во автомобилската индустрија и во стоматологијата.

Споменатите компании, како што се наведува во обвинението, неовластено разменувале податоци за клиентите, кои потоа ги користеле за пазарни манипулации и за фабрикување нарачки.

Зад покрената постапка стои американски производител на накит и полциски значки „Модерн Сетингс“, кој тврди дека поради ваквите незаконски практики, купувачите на метал загубиле милион долари.

Европската комисија досега во неколку наврати казни неколку големи банки поради здружување во картели во финасискиот сектор, односно за договарање на каматните стапки по Еурибор и Либор.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас