Зголемена продажбата на оружје по протестите во Фергусон

Од:

Протестите во Фергусон ја зголемиле продажбата на оружје во еден од најголемите центри за стрелаштво во САД, кој се наоѓа во близина на ова американско гратче.

Во продавницата за оружје, која се наоѓа во стрелачкиот центар во Сент Питерс, во близина на градот Сент Луис во државата Мисури, дневната продажба на оружје се зголемила на 20-30 парчиња, додека претходно се продавале најмногу до пет.

– Масовно купуваат пиштоли. Луѓето се плашат поради она што се случува во Фергусон, изјави сопственикот на продавницата и полицаец Пол Бастијн.

Само во вторникот, еден ден по протестите во Фергусон кои завршиле со потпалувања и кражби, во продавницата во Сент Питерс биле продадени 33 парчиња оружје и извршени 18.000 обуки за пукање.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас