ЕП изласа резолуција за Шешељ

Од:

Во Европскиот парламент во Стразбур денеска по едночасовна расправа е усвоена резолуција за лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ, во која Хашкиот трибунал се повикува да ги преиспита условите за неговото пуштање на слобода, а од српските власти се бара да се оградат од неговите изјави.

ЕП бара од српските власти да утврдат дали Шешељ ги прекршил законите на Србија, како и за зајакнување и целосно спроведување на законската регулатива, која забранува поттикнување омраза, дискриминација и поттикнување насилство.

Со документот се повикуваат Хашкиот трибунал и обвинителството „со оглед на овие нови околности да ги преземат сите неопходни чекори за да се изврши ревизија на условите за условна слобода”.

Во резолуцијата, која нема обврзувачки карактер, не влезе барањето на европските либерали и зелените Србија да ги отвори воените архивите на СФРЈ за да се олесни утврдувањето на одговорноста за злосторствата и за судбината на исчезнатите лица.

– ЕП силно ја осудува воинствената реторика на изјавите на Шешељ за поттикнување на омраза, како и за неговите обиди да се пренасочи Србија од нејзината европска иднина, се вели во резолуцијата.

Европратениците ги осудуваат и „провокациите кои тој ги искажува јавно и користењето на воената реторика, која ја употребува по неговото условно ослободување, како и неговите јавно искажани ставови, со кои повикува за создавање на Голема Србија и неговите јавно изразени аспирации кон соседните земји, вклучувајќи ја и Хрватска“.

Претседателот на парламентарната група за Србија, Едвард Кукан изјави на почетокот на расправата дека предложениот текст на резолуцијата ги зголемува тензиите во регионот, наместо да ги намалува и оти поради тоа нема да ја поддржи.

– Целосно го разбирам злото на воената реторика и говорот на омразата, особено на Западен Балкан, рече Кукан, но укажа и дека со резолуцијата на Шешељ му се придава преголема важност.

– Поради тоа што во резолуцијата се критикува независниот суд, кој го формираше Советот за безбедност на Обединетите нации нема да ја поддржам оваа резолуција, порача Кукан.

Бугарскиот пратеник Ангел Џамбаки израз сличен став, укажувајќи дека според негово мислење српските власти веќе се оградиле од Шешељ и додаде дека резолуцијата не е потребна.

Мнозинството пратеници меѓутоа го поддржаа текстот на резолуцијата, а во тоа предничат хрватските пратеници, на чија иницијатива резолуцијата е ставена на дневен ред.

На пратениците на крајот од расправата во име на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини им се обрати еврокомоесарот за хуманитарни прашања, Кипранин Христос Стилијанидес, кој истакна дека ЕУ ги почитува одлуките на Хашкиот суд и додаде дека изјавите на Шешељ му припаѓаат на минатото.

Воислав Шешељ, претседателот на Српската радикална партија, е обвинет пред Меѓународниот суд во Хаг за прогони на политичка, расна и верска основа, нехумано постапување, како и убиствао, тортура, сурово, нечовечно уништување и нанесување на сериозна штета врз населени места, уништување и намерно оштетување на верски и образовни институции и грабеж на јавниот и приватен имот во Хрватска, Босна и Херцеговина и во делови на Војводина (Србија) меѓу 1991 и 1993 година.

Тој неодамна е пуштен на слобода поради здравствени причини, по повеќе од 11 години затвор, иако неговото судење е во тек.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски