Асанж: Гугл фактички работи за Владата на САД

Од:

Американската компанија Гугл фактички работи за Владата на САД, поконкретно за Стејт департментот, тврди основачот на организацијата „Викиликс“, Џулијан Асанж, во книгата, која ќе излезе од печат на 1 декември.

Асанж до овој заклучок дошол по разговорот со претседателите на Гугл, Ерик Шмид и Џаред Коен од бордот на компанијата во јуни 2011 година.

На средбата во Велика Британија присуствувале и Лиза Шилдс и Скот Малкомсон, за кои Асанж подоцна утврдил дека се американски дипломати, пишува шпанскиот весник „Публико“.

– Токму тогаш осознав дека е сосема можно Ерик Шмид да не е само претставник на Гугл. Кај мене дојде група луѓе, од кои една половина беа претставници на Гугл, а другата претставници на Стејт депарментот, вели Асанж во книгата.

Според Асанж компанијата, сопственик на истоимениот пребарувач, им овозможува на ФБИ и на ЦИА речиси неограничен простап до електронската коресподенција на своите корисници.

Книгата насловена како „Кога Гугл се сретна со Викиликс“ е испечатена на шпански јазик од издавачката куќа „Клаве интелектуал“ и ќе биде презентирана во Мадрид на 3 декември.

Асанж веќе две години не ја напушта територијата на еквадорската Амбасада во Лондон. Австралиецот доби азил од властите на Еквадор во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија