(ВИДЕО) Шешељ повторно провоцира: Таткото на Јосиповиќ убиваше усташи

Од:

Верувале или не на линија во Белград го имаме Воислав Шешељ. Вака водителот Вилемир Бујанец на ТВ Осијек го најави лидерот на радикалите во својата емисија. Но Шешељ ја искористи приликата да продолжи со провокациите.

Коментирајќи го ставот на српските политичари дека е маргинална фигура на која не треба да и се дава преголемо значење, тој кажа дека Томислав Николиќ, Александар Вучиќ и Ивица Дачиќ се тресат од страв. Објасни дека иако е блокиран во медиумите во Србија, сепак наоѓа начин да допре до јавноста, а тоа е преку Хрватска.

Шешељ потврди дека ја следел седницата на хрватскиот сабор со која како што рече е задоволем.

-Само една работа што ја кажа Јадранка Косор беше паметна. Тоа е единствената паметна работа што ја изговори. Дека оној за кој се расправа сега најмногу се смее. И јас се смеев, рече и додаде дека мора нешто важно да каже.

-Јас искрено од петни жили го поддржувам Иво Јосиповиќ како кандидат за претседател на Хрвтаска за уште еден мандат.

-Што се однесува со неговите изјави против мене, сето тоа е оправдано. Јас бев во контакт со некои негови соработници и тие ме поттикнаа да издадам такво соопштение за тој да има прилика да се експонира во хрватската јавност како националист, и порача дека Јосиповиќ го почитува поради тоа што неговиот татко кој бил партизан и офицер.

-Под команда на таткото на Иво Јосиповиќ стрелани се многу усташи, а стрелани се и извесен број цивили. Кога такви луѓе ќе тргнат да убиваат, тешко е да ги запреш, рече Шешељ.

На забелешката на водителот декане може да се оправда никакво убиство, Шешељ порача дека и тој не ги опрвадува.

-Тоа го направи таткото на Јосиповиќ, немојте мене да ме напаѓате, рече Шешељ.

-Јас го поддржувам Иво Јосиповиќ бидејќи има величествено семејно педигре, повтори Шешељ, и се осврна на министерката Весна Пушиќ.

-Таа е мојот омилен политичар во Хрватска. Тоа поради што ми е омилена е нејзиното четничко педогре. Нејзиниот дедо по мајка беше истакнат четник, рече Шешељ.

Тој кажа дела тешко може да му се влезе во трагата каква игра води.

-Овде во Србија министерите ме обвинуваат дека ме пуштиле Американците да ја дестабилизирам земјата. Вие ме обвинувате дека сум во спрега со Вучиќ и Николиќ, а јас сум проблем за сите вас, рече тој во емисијата на ТВ Осијек.

Враќањето во “малата Србија“ во која го нема Косово, а Хрватска е слободна земја е тажно чувство. Но тоа не може да биде трајно реѓение. Косово сепак ќе остане српско, а Хрватска не може да биде слободна се додека не ја прекине окупацијата на Република Српска Краина, порача тој и рече дека Хрватска ќе мора кога тогаш да се повлече од таму.

-Јас се надевам на милион убави зборови, но кој знае, можеби че бидат потребни некои други методи, рече тој.

-Во Хаг нема доброволно да се вратам. Ако сакаат Вучиќ и Николиќ нека ме апсат, тоа ќе биде убаво да се види како моите соработници во евентуалните воени злосторства ме испорачуваат во Хаг. Тоа би била општо народна веселба, рече Шешељ.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“