Дебата за загадувањето во Битола

Од:

Пратениците и граѓаните денеска ќе дебатираат за почист воздух во Битола на средба што ја организира Граѓанската асоцијација МОСТ, во рамки на проектот „Мобилен Парламент“.

Целта на настанот е преку директна комуникација со избраните претставници да се согледаат причините за загадувањето во Битола и да се изнајдат соодветни решенија.

На дебатата ќе говорат  пратениците од Изборната единица 5, а поканети се и претставници од локалната самоуправа и Министерството за животна средина и просторно планирање. Дебатата е јавна и на неа може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.

Проектот „Мобилен Парламент“ е реализиран од страна на МОСТ и е поддржан од Европската унија, преку европскиот инструмент за демократија и човекови права.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски