Навивачките групи како (пара)војска

Од:

Спортските новинари сакаат да користат воена терминологија.

Тие зборуваат за наводна тотална офанзива на домашниот тим, за бункер кој го поставиле гостите, за снајперисти кои погодуваат тројки, за армија на навивачи, за воена состојба на стадион. Понекогаш нивниот јазик е неподнослив: понекогаш како да ја пренесуваат окупацијата на Сталинград а не меч на Лига на шампионите.

Но и тоа е подобро отколку да користат термини од квантната физика. Бидејќи за војната човек барем знае по нешто. Тие кои се уште не знаат, ќе научат. Долг е животот, а тој кој имал несреќа да се роди, па уште и тука, ќе закачи барем две војни.

Исто како војна

Конечно, спортот однесува човечки животи. Исто како војната.

Човек би помислил дека на луѓето на Балканот им е доста од војни. Но навивачките групи се постојано во војна: со други навивачки групи, со полицијата, со управата на клубот…

Користат разни техники: од улична борба до диверзии.

Момчињата си играат војна.

Како изгледа вистинска војна, дека ништо во неа нема привлечно, можеле да ги научат нивните татковци. Тие кои се вратиле од своите војни.

Но татковците се зафатени со одбрана на својата вистина за војната, бидејќи непријателот не престанува да се заканува на таа вистина. Која не се однесува само на војната. Туку и на нивните нации и вери. Нивниот идентитет, што би се рекло. А нашиот човек е таков: можеш да му брцнеш во паричникот, но не му го оспорувај идентитетот.

Затоа нашиот човек има се помалку пари, а идентитетот му е се поширок и поцврст, машала. И навивачките групи се дел од приказната за идентитетот. Како и нациите-држави, имаат тие свои знамиња, химни, историја и митови.

И неизрамнети сметки од минатото.

Навивачките групи не веруваат во дипломатија. Тие своите односи со други навивачки групи ги темелат на провокации и судири. Мирно решение на спорот не е опција. Чудна е навивачката етика. Навивачите на подгоричкиот клуб Будуќност ми раскажуваа како тие го скандираат она што најмногу ќе ги разлути непријателите. На пример, одат во Грбаљ до Котор, крај чии мештани самите се сметаат за сол го соли српството, таа звучна титула не би ја препуштиле на тие од Романија. Одат значи Варвари во Грбаљ па таму скандираат Ова е Хрватска.

А некои од тие Варвари притоа носат маици со ликот на Радован Караџиќ, толку е силно нивното хрватство.

Она што е морничаво во смртта на навивачот од Црвена Ѕвезда, избоден со нож во грб во Истанбул, не е само тоа што неговото убиство е безумен чин без причина, туку и тоа што сите многу добро знаеме дека не е последно. Навивачките воени игри ќе продолжат.

Фактот дека по убиството во Истанбул по телефон разговараа српскиот и турскиот премиер, сведочи дека државите Србија и Турција таа работа ја сфатија сериозно. А како и не би.

Меѓусебни обвиненија за тероризам

Момчето е мртво, а тренерот на Галатасарај и српскиот конзул во Истанбул по мечот разменија обвиненија за тероризам. Прво турскиот тренер изјави дека српските навивачки се терористи, а српскиот конзул на тоа одговори дека терорист е турскиот тренер. Па државата Србија турскиот тренер го прогласи за непосакуван на својата територија.

Како и во случајот со албанскиот дрон, согласно на старото непишано балканско правило кое гласи: колку страни во судирот, толку вистина за судирот, за она што се случи пред салата Абди Ипекчи, веќе постојат две верзии: овој пат тоа се српската и турската.

Српската страна инсистира на тоа дека турските навивачи го нападнале и притоа го убиле Марко Ивковиќ. Турските медиуми пренесоа извештај од тамошната полиција според кој пред салата во која се играше натпреварот меѓусебно се судриле српските навивачи, па Ивковиќ наводно страдал во братоубиствен судир.

Забележуваме дека не само навивачките групи функционираат како (пара)војска (со ланци на команда на чие чело понекогаш, како порано Аркан, е човек кој буквално ја предводи паравојската, па како во 90-тите во Србија, се губи секоја разлика меѓу навивањето и војувањето), туку и клубовите функционираат како држави. Па, како што нашите држави ги бранеа своите воени злосторници, овие ги бранат своите екстремни навивачи: како, се случува да претераат, но тоа е од голема љубов кој својот клуб, нација, држава.

Како и сите колективни идентитети и тој навивачкиот е само бедна компензација. За секој кој со цврста верба зборува за разни НИЕ, имам само едно прашање: а сигурен ли си дека го знаеш одговорот Кој сум јас? Мислам: ти, надвор од групата. Мислам: ти, сам со себе.

Еднаш со режисерот Горан Девиќ разговарав за тоа зошто луѓето трошат пари во спортските обложувалници? Ми ги отвори очите  кога ми рече: тоа е ситна пара за она што го купуваш – илузија дека си во играта и парче надеж, колку и да е мала. Слично нудат и тие кои управуваат со разни НИЕ – илузија на гордост, исклучителност, победа, сила. Но…

Масата секогаш е најлоша

Ако убиецот на Марко Ивковиќ не би бил во масата, денес Ивковиќ би бил жив, а тој не би бил убиец. Во масата тој се одлучил да направи нешто што го сонувал, но судејќи според се, надвор од масата не би се одлучил да убие.

Во масата, она што е добро во поединецот се губи, а се собира она што е лошо. Затоа масата која е составена од најдобрите е иста како масата составена од најлошите: масата секогаш е најлоша.

Ал Џезира Балкан – Сараево

 

Би можело да ве интересира

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони