Силите на генералот Хафтар ја презедоа одговорноста за нападот на аеродромот во Триполи

Од:

Силите лојални на генералот Калифи Хафтар ја презедоа одговорноста за денешниот воздушен напад на аеродромот Митига во главниот град на Либија, Триполи.

– Нашите воздухопловни сили го извршија нападот врз Митига, која ја држат терористички групи, објави портпаролот на Хафтар, генералот Сакр ал-Јаруши, алудирајќи на исламските милиции кои владеат со Триполи.

На удар на воздушниот напад синоќа се најде пистата на споменатиот аеродром, во источен Триполи, единствен кој се уште функционира во либиската престолнина.

На Митига, која ја држи антивладината исламистичка милиција Фаџр Либија, од борбен авион се истрелани две ракети, кои според очевидци, не причиниле штета на терминалот, ниту на пистата на аеродромот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски