Италијански лекар заболе од ебола

Од:

Италијански лекар кој работел во Сиера Леоне, стана првиот Италијанец заболен од ебола, соопшти денеска италијанското Министерство за здравство.

Во соопштението се посочува дека примероци земени од лекарот потврдиле дека тој е инфициран од вирусот на еболата, по што веднаш е пренесен на лекување во Рим.

Лекарот, чие име не е соопштено, бил ангажиран од невладината организација „Имерџенси“.

Тој ќе биде лекуван во Националниот институт за инфективни болести „Лаѕаро Спаланцани“ во Рим.

Италијанската министерка за здравство Беатриче Лоренцин информира дека лекарот во текот на минатата ноќ имал треска и други симптоми на еболата, но дека веќе претпладнево се чуствувал подобро.

Лоренцин нагласи дека биле преземени сите мерки за да се обезбеди сиргурен транспорт на пацинетот во Италија.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он