Евтината нафта и санкциите ја чинат Русија 140 милијарди долари

Од:

Падот на цените на суровата нафта ја чинат Русија околу 100 милијарди долари годишно, а економските санкции што ги воведе Западот, уште дополнителни 40 милијарди долари, потврди денеска во Москва, рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

Во изјава дадена на меѓународниот економски и финански форум во рускиот главен град, Силуанов најави дека Русија би можела да го намали своето производство на нафта за околу 300 илјади барели дневно, за да ја поттикне раст на цената на енергенсот.

Падот на цената на нафтата предизвикува загриженост кај сите членки на ОПЕК, чии претставници оваа недела се среќаваат на итна седница во Виена.

Производителите на нафта како Иран, Либија и Венецуела, веќе најавија дека побарале скратување на дневното производство на енергенсот, додека Кувајт соопшти дека таквиот потег е „многу веројатен“.

Русија засега се уште нема донесено одлука за намалување на производството на нафта.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера предупреди дека падот на цената на нафта ќе има „катастрофални поседици за сите“, како за производителите, така и за корисниците и за оние кои учествуваат во намалувањето на цената.

– Денешниот свет е толку меѓузависно поврзан што мерките кои се воведени против Русија, вклучувајќи ја и цената на нафтата, ќе претставуваат проблем за сите, изјави Путин.

САД и ЕУ воведоа санкции кон Русија по анексијата на Крим во март оваа година и по западните обвинувања за директно руско мешање во бунтот на проруските сепаратисти во источна Украина.

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија