Македонец предводи тим американски научници во новиот национален центар за прочистување вода

Од:

Тим американски научници од Државниот Универзитет на Аризона (АСУ), предводени од научникот со македонско потекло, професор доктор Кирил Христовски, се ангажирани да бидат дел од новиот американски национален центар за истражување и развој на мали системи за отстранување на штетни материи од водата за пиење.

Во програмата, порачана од страна на американската Агенција за заштита на животната средина (УС ЕПА), Државниот Универзитет на Аризона во соработка со универзитети од Колорадо, Аљаска и Њу Хемпшир ќе формира мултиуниверзитетски центар кој ќе развива нови технологии за прочистување вода, особено применливи за малите водоводни системи во САД. Центарот ќе соработува со други универзитети и со локалните власти низ САД и Канада, за да им помогне да обезбедат чиста вода за пиење на своите граѓани.

– Изборот на АСУ да биде дел од овој проект потврдува дека ние сме една од водечките истражувачки институции за развој на решенија кои придонесуваат за заштита на животната средина и јавното здравје, вели доктор Христовски.

– Тимот научници од АСУ ќе работи на развој на фотохемиски решенија за прочистување на водата за пиење, со крајна цел користење на сончевата светлина или вештачки извори на светлина за претварање на нитратите кои се наоѓаат во водата до безопасен азот кој претставува најголем дел од атмосферата. – Централна улога во нашите потфати ќе имаат нано-материјалите”, додава Христовски.

Се смета дека 24 милиони жители на САД годишно се изложени на прекумерно дејство на нитратите и сличните азотни соединенија, што го прави овој елемент еден од главните загадувачи на водата за пиење.

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он