Антверпен парализиран од штрајк на пристанишните и транспортните работници

Од:

Штрајк на пристанишните и транспортните работници денеска го парализира второто најголемо европско пристаниште Антверпен, а железничкиот сообраќај кон Брисел е значително отежнат, јавија белгиските медиуми.

Штрајкот е дел од планираната серија протести поради намерата на белгиската Влада од следната година да ја зголеми старосната граница за заминување во пензија од 65 на 67 години и олеснувањата дадени за работодавачите за отпуштање работници.

Синдикатите најавија дека слични акции ќе се организираат се додека владата не се откаже од најавените мерки, а за 15 декември е закажан генерален штрајк во цела Белгија.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски