Белгиската провинција Фландрија планира да ги казнува странците кои не зборуваат доволно добро фламански – локален дијалект на холандски јазик, јави БТА.
Мерката е предложена од регионалниот министер Лизбет Оманс, кој е еден од водечките фигури во најсилната партија во земјата Нова фламанска алијанса, а со неа се предвидува обврзно јазично тестирање на странците за прилагодување на живот во локалната заедница со цел да можат да добијат социјална помош, јави БТА.
Оманс појаснува дека од странците нема да се бара да знаат сложени литературни изрази на фламански, туку да го знаат јазикот колку да можат да ги прашаат соседите за најосновните работи во околината во која живеат. Засега оваа мерка ќе се однесува на странците кои живеат во општествени социјални станови.
Не се наведува какви ќе бидат казните за оние кои нема да го знаат фламанскиот, но познато е дека тие ќе бидат оценувани од јазичните центри. Сепак казната нема да се состои од протерување од станот, бидејќи со тоа ќе се прекрши Уставот на државата, кој го штити правото на претстој.