Партизан поуспешен од Цибона

Од:

Кошаркарите на Партизан на единствениот натпревар од АБА лигата одигран синоќа го победија шампионот Цибона со 73:64 (24:16, 21:14, 16:20 и 12:14).

Најефикасен со 18 поени и со 10 скокови беше играчот на Партизан Никола Милутинов, додека кај Цибона македонскиот репрезентативец Владо Илиевски постигна 14 поени, исто колку и соиграчите Марин Розиќ и Џерел Блесингејм.

На другите натпревари од 9.коло беа постигнати следниве резултати: Игокеа – МЗТ Скопје Аеродром 61:76, Металац – Левски 81:54, Будуќност – Олимпија 76:61, Крка – Мега Визура 72:80 и Шолнок – Задар 72:71.

Вечерва е последниот дуел од оваа рунда, натпреварот меѓу евролигашите Цедевита и Црвена Звезда.

Табела: Будуќност 8-1 (победи – порази), Црвена Звезда 8-0, Цедевита 6-2, Крка 5-4, Олимпија 5-4, Партизан 5-4, Мега Визура 5-4, Шолнок 5-4, Металац 4-5, Цибона 3-6, МЗТ Скопје Аеродорм 3-6, Игокеа 2-7, Задар 2-7, Левски 1-8.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос