Мерон: Помирувањето е задача на државниците, а не на судот

Од:

Помирувањето на Балканот е задача на државниците, а не на Меѓународниот кривичен суд, иако тој има улога во тој процес, порача судијата на Хашкиот трибунал Теодор Мерон, во одговорот на писмото на хравтскиот претседател, Иво Јосиповиќ, во кое тој ја критикуваше одлуката на судот, без никакви исполнети услови, на слобода да се пушти лидерот на српските радикали Воислав Шешељ.

Американскиот судија, исто така, напиша дека пресудата во овој случај ќе биде донесена во најкраток можен рок, веднаш по јули 2015 година.

– Иако ја сфаќам вашата загриженост заради привременото пуштање на слобода на Воислав Шешељ и можното влијание на овој настан врз процесот на помирување на Балканот, како и улогата на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во овој процес, секогаш сметав дека политичарите, верските и другите локални лидери, внатре во своите општества мораат да бидат тие кои ќе го забрзаат овој процес, му напиша Мерон на претседателот Јосиповиќ.

Јосиповиќ своето незадоволство заради пуштањето на Шешељ на слобода, го изрази во писмото од 17 ноември, испратено до претседателот на Хашкиот суд.

„Потенцијалната ескалација на политичките активности на Шешељ и неговиот говор на омраза се сериозна закана за мирот и стабилноста во југоисточна Еуропа. Со тоа се шири стравот меѓу луѓето, посебно меѓу жртвите и сведоците, а со тоа и се нарушува угледот на меѓународната правда. Апелирам до Вас Судот да направи се што е во негова моќ за да ја врати разнишаната доверба во меѓународната правда и да не дозволи со активностите на Шешељ да се потценуваат жртвите“, напиша Јосиповиќ во писмото до Мерон.

Тој, исто така, го предупреди Мерон на фактот дека ни по 12 години судење не постои пресуда за Шешељ и дека со тоа се урива угледот на судот, објави весникот „Јутарњи лист“.

Мерон во својот одоговор наведува дека иако е претседател на Судот, тој нема преголемо влијание врз случаите со коитој лично не се занимава, но дека го уверува дека пресудата ќе биде донесена многу брзо по јули 2015 година, што е рокот што сегашниот судија, односно претседателот на Советот, го побара за да се запознае со целата постапка, отккао претходниот судија се повлече од овој случај.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ