Кој и зошто пере раце од екстерното тестирање?

Од:

Провладините медими повикувајќи се на текст на порталот „Курир“ вртат иста тема за тоа дека опозициските медиуми го измислиле есктерното тестирање кое всушност било државен испит.

-Дезинформациите околу тоа дека студентите ќе полагаат екстерно, а не државен испит ги помогнаа и луѓе од опозицијата и организации кои се блиски до Институтот Отворено општество Македонија, а манипулациите продолжуваат понатаму иако од Владата појаснија дека станува збор за концепт на државен испит, а не екстерно.

Screenshot_11

Поимот екстерно тестирање можеше да се види во сите медиуми, вклучително и тие што сега „сакаат нешто да појаснат“, повеќе од еден месец наназад, но никој од Владата не реагираше се до протестот на студентите.

Пример, Канал 5 информираше за настан со наслов „Почнува дебата за екстерно тестирање на студентите“ уште на 30 октомври каде пишува дека министерот за образование ќе учествува на конференцијата на тема „Екстерно тестирање на студентите: предизвиците и можностите“.

Screenshot_10

-Екстерно ќе бидат тестирани и студентите. Сите ќе полагаат државен испит. Ќе се унифицираат дипломите и квалитетот на јавните и приватни универзитети. Министерот Адеми најави нови законски измени, кои доколку се прифатат ќе стапат на сила уште следната академска година. Ќе се тестира знаењето и ќе се верифицираат положените испити. Испитот ќе биде во втора и четврта година. Доколку не го положат нема да продолжат со студии и да земат диплома.

– Испитот ќе се спроведува двапати – првиот кога ќе завршат втора година и ќе имаат прашања од сите предмети кои дотогаш ги полагале, и по четврта година со базен прашања од трета и четврта година, пренесе Сител изјава од министерот за образование.

Screenshot_12

И самиот министер за образование ден по протестот говори за „екстерно тестирање“ во првиот дел од неговата изјава, а потоа за државен испит.

За екстерно пишуваа и други медиуми блиски до власта.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата

Рубио: САД ќе ги поништуваат визите за кинеските студенти

Студентите кои сакаат да студираат се заканија со штрајк со глад ако сите факултети во Србија не почнат со работа

Горан Наумовски

Вучиќ: Секоја блокада е насилство, државата ќе го избере моментот да одговори