Над 200 имигранти спасени од оштетен товарен брод крај брегот на Кипар

Од:

Група од 228 сириски бегалци се спасени од оштетен брод што пловел во немирното море на северниот брег на Кипар, соопштија денеска властите од овој дел на поделениот остров.

Министерот за транспорт на турскиот дел на Кипар, Хасан Такој, за американските медиуми изјви дека мигрантите, меѓу кои имало и 25 деца, добиле лекарска помош и дека сега се сместени во спортска хала во крајбрежниот град Гирне (Киренија).

Такој изјави дека властите синоќа примиле повик за помош од товарниот брод „Хаџ Захер“, што пловел под знамето на Танзанија, и дека овој пловен објект се наоѓал на десетина метри од брегот.

Силниот ветар и немирното море го попречувале пристапот на бродовите на крајбрежната стража до товарниот брод.

Друг пловен објект, меѓутоа, успеал да дојде до товарниот брод и да го довлече до брегот.

Би можело да ве интересира

Трамп најави депортација на имигрантите од Хаити, откако ги обвини дека јадат кучиња

Во близина на село Табановце затекнати 13 мигранти од Сирија

Јанша за мигантската криза: Ѓаволот ја однесе шегата, вооружете се

Предраг Петровиќ

Двајца бугарски полицајци загинаа откако автобус со илегални имигранти удрил во нивниот автомобил

А1он

Судија од Тексас ја блокираше наредбата на Бајден, САД можат да продолжат со депортација на имигранти

Жарко Настоски

Бајден со укази ја запира агонијата на разделените семејства од Латинска Америка

Жарко Настоски