Розберг на пол позицијата пред решавачката трка

Од:

Нико Розберг ја освои пол позицијата во пресрет на последната трка во шампионатот на Формула 1, Големата награда на Абу Даби. Германецот до најдобрата стартна позиција, пред неделната трка на патеката „Јас Марина“, дојде со најбрзиот круг од 1:40.480 минути.

Веднаш до Розберг од првиот стартен ред ќе стартува негвиот клупски колега од тимот на Мерцедес, Луис Хамилтон. Вториот ред го освоија пилотите на Вилијамс, Валтери Ботас и Фелипе Маса, додека од третиот ред трката ќе ја стартуваат Даниел Рикардо и Себастијан Фетел.

Зад возачите на Ред Бул на стартот ќе бидат Данил Квјат, Џенсон Батон, Кими Раиконен и Фернандо Алонсо.

Последната трка во сезоната ќе стартува во 14 часот, а во пресрет на трката во која ќе се делат дупли бодови, Хамилтон има 17 бодови повеќе од Розберг.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он