Висок функционер на филипинското разузнавање денеска за весникот „Манила Тајмс“ изјави дека е загрижен за безбедноста на папата Франциско за време на неговиот четиридневна посета на Филипините, најавена за 15 јануари идната година.
Разузнавачот, кој идентитетот е сокрен поради тоа што е директен организатор на уништување на неколку исламистички теористички групи, укажал на извештаите за концентрација на екстремни исламски милитанти од различни воинствени крила што делуваат во југоисточна Азија.
Учеството на филипински граѓанин во обезглавување на еден заложник во Исламската држава е јака индиција дека терористичките идеи и во овој регион да се формира „Исламски Калифат“ не треба да се потценат, смета филипинскиот разузнавач, во чија биографија стои и откривање и фаќање на висок функционер на Ал Каеда.
Од претседателската палата во Манила, пред два дена, беше издадена изјава дека се работи на создавање услови за максимална безбедност на папата за време на неговиот престој на Филипините и дека се проверуваат извештаите за можните организирани напади врз него.
Претходно, претседателот Бенињо Акино изјави дека не ја исклучува можноста дека некој „осамен волк’’ ќе се обиде да го нападне папата, но дека верува во филипинската пполиција и армија.