Канадски езера поради загадување се претвораат во желе

Од:

Експертите тврдат дека поголем дел од канадските езера, кои се едни од најубавите во светот, полека но сигурно се претвораат во желе поради се поголемото индустриско загадување, кое им овозможило побрзо размножување на пивтиестите организми за сметка на оние врз база на калциум.

Истражувањето спроведено од Универзитетот Кембриџ покажува дека претворањето на водата во пивтиеста маса доаѓа поради тоа што во услови на големо индустриско загадување се намалува нивото на калциум, па размножувањето на организмите, кои за формирање на својот егзоскелет го црпат калциумот, е многу отежнато.

Научниците стравуваат дека овој процес, кој трае од 80-тите години на минатиот век, би можел во иднина да влијае врз квалитетот на водата за пиење во овој регион.

Освен тоа, постојат сомнежи дека процесот на желатинизација е веќе надвор од контрола и ќе бидат потребни илјадници години нивото на калциум во езерата да се доведе на своето некогашно ниво. Експертите потенцираат дека виновник за ваквата еколошка состојба на езерата е човечкиот фактор.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните