Американската Даночна управа бара од градоначалникот на Лондон да плати долг по основа на неплатен данок на капитален профит што тој го одбива, па дури и се заканува дека ќе се откаже од американското државјанство.
Борис Џонсон (50) е роден во Њујорк, а во Британија се преселеил кога имал пет години и има и британско и американско државјанство.
Американските власти од него бараат да плати данок на капитален профит од продажба на недвижности, а во согласност со Законот за одданочување профит кој американски државјани ќе го остварат во странство.
Џонсон кој е градоначалник од 2008 година и планира да се кандидира за пратеник, уште во 2006 година во колумна напиша дека „ќе се разведе од Америка“ и ќе се откаже од државјанството бидејќи патува само со британски пасош.
Експертот за даноци Роберт Вуд за Форбс вели дека Џонсон би можел да се откаже од американското државјанство, како што Американци тоа го прават тоа во изминативе години во рекорден број, но тоа не би го спасило од плаќање данок.