Ахмети се сретна со новиот кинески амбасадор во Македонија Џеншун

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во седиштето на партијата во Тетово се сретна со новиот кинески амбасадор во Македонија Вен Џеншун.

Амбасадорот на Кина, како што соопшти денеска ДУИ, изразил интерес за политичките случувања во земјата, спроведувањето на Охридскиот договор и владеењето на правото. Соговорниците, исто така, разговарале и за конкретни инфраструктурни проекти, како и можностите за кинески инвестиции во Македонија.

Претседателот Ахмети се осврнал на политичките случувања во земјата, истакнувајќи ја притоа потребата за постигнување компромис со јужниот сосед околу спорот за името кој, како што рекол, ќе ги деблокира интеграциските процеси. 

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски