Сугаревски: Во ДПМНЕ се кријат криминалците со чија помош се делат субвенции

Од:

Долгонајавуваниот протест на наводните земјоделците од прилепскиот регион, односно театар во режија на ДПМНЕ, доживеа невидено фијаско!

Ова го тврди пратеникот Горан Сугаревски од СДСМ според кого едвај 20 луѓе, партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ, од кои половината вработени во државна администрација, под силен притисок, против своја волја, биле буквално довлечкани на погрешна адреса, наместо да одат пред владата или пред штабовите на ДПМНЕ.

„Токму таму, во штабовите на ДПМНЕ се кријат криминалците со чија помош се делат огромни суми на пари како субвенции, на лица кои никогаш не виделе тутун или жито, кои никогаш не стапнале во штала или пак нива“, рече Сугаревски.

Според него, барањата за пребивање на обврските на земјоделците спрема државата, како (закупнина, надомест за вода, за пасишта и др.) се содржани во законот кој го предлага СДСМ, и сите други барања на земјоделците се содржани во предлог законот од партијата.

„Со нашиот закон ние бараме да се стави крај на криминалот и злоупотребите кои ги права власта при доделувањето на субвенции“, рече Сугаревски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он