Две огромни подводни пирамиди направени од дебело стакло се откриени во центарот на Бермудскиот триаголник.
Овие чудни градби на длабочина од 2000 метри идентификувани се од страна на океанографот Мејер Ферлаг. Војската го стопирала натамошното истражување.
Мејер верува дека чудните пирамиди во центарот на триаголникот можат да ги расветлат случаите на исчезнување на бродовите и авионите.
Прашањето на кое никој нема одговор е како овие пирамиди се направени и со примена на каква техника, на дури 2 километри под водата.
Засега не може да се продолжат испитувањата поради недостаток на соодветна техника и машини за истражување на таа длабочина.
Океанографот посебно нагласи дека оваа технологијата е непозната за модерната наука,со оглед дека пирамидите се изградени на толкава длабочина.
Овие вести беа сензација и за нив се дискутираше на конференција во Флорида. Новинарите имаа фотографии и компјуерски податоци со висока резолуција кои ги прикажуваат тродимензионалните пирамиди како совршено мазни, без никакви алги на нив или пукнатини.
Имаше повеќе извештаи за овие пирамиди. Американските океанографи уште во 1990 година открија подводни пирамиди кои беа лоцирани точно во центарот на Бермадускиот триаголник.
Научниците ги анализираа сите податоци и заклучија дека површината е совршено мазна и дека е можо да е од мраз или стакло. Пирамидите се три пати поголеми од Кеопсовата пирамида.
Случајот го презедоа воените структури, сите податоци се блокирани, а понатамошните испитувања се водат како воена тајна.
На врвот од пирамидата има две огромни дупки, а низ едната поминува вода со голема брзина и така создава подводен бран кој предизвикува вртлог. Поради него, на површината на водата се создава магла и бранови кои повлекуваат се кон дното. Впрочем, истражувачите на Бермудскиот триаголник веруваат дека тоа може да биде една од причините за мистериозното исчезнување на се што ќе се најде на овој потег.