Кошаркарите на МЗТ Скопје се поразени во вечерашниот дуел во Гевгелија од домашниот Кожув и тоа со 73-64.
Во првиот дел гостите од Скопје беа подобри и водеа се до финишот кога гевгеличани со серија од 6 поени обезбедија нерешен резултат 41-41.
Во вториот дел Кожув обезбеди предност која умешно ја одржуваше а со тројката на Ивеља на 2 минути до крајот обезбеди водство од 6 поени кое се покажа како недостижно за шампионот.
Во вториот меч вечерва Работнички славеше убедливо со 96-54 во Струмица. Интересно на овој меч екипата од градскиот парк настапи без тренер.