Жил Бјанки се разбуди од кома

Од:

Формула 1 пилотот на Марусија, Жил Бјанки, кој што за ГН на Јапонија имаше страотен инцидент, денеска се разбуди од кома.

Возачот на Марусија, имаше една од најсериозните повреди во ф1 по смртта на Аиртон Сена во 1994 година, откако со доста голема брзина удри во тракторот кој што отстрануваше друг болид од патеката.

Сето тоа се случуваше пред месец и половина за ГН на Јапонија, по што веднаш со хеликоптер беше однесен до најблиската болница во Јапонија.

„Речиси по цели седум недели од инцидентот во Јапонија, и по тежок период за сите нас, можеме да објавиме дека Жил направи значителен чекор. Тој веќе не е во вештачка кома во која што беше поставен за кратко по несреќата. Иако се уште не е свесен, тој дише без помош и неговите витални знаци се стабилни“, пишува во соопштението од семејството на Жил Бјанки.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он