ВМРО-НП коментира дека вчерашните еуфорични настапи на премиерот и на потпретседателот на владата и министер за финансии Зоран Ставревски кој објаснувале за нивните резултати во иднина, не се ни оддалеку така оптимистички.
„Владата конечно нашла банка од странство која ке и позајми нови 100 милиони евра, а откако ќе го ефектуира кредитот, во ноември ке исплати и дел од долговите. Вакво помпезно објавување на нешто што е тековна и законска работна обврска на Владата во овие 20 години демократија немало досега. Односно, владата ќе позајми пари од надвор не за патишта, брани, мостови туку за плати, пензии, долгови. Буквално, ја задолжуват државата надворешно за да раздолжуват дел од внатрешниот долг“, велат од ВМРО-НП.
Од партијата велат дека владата кажала дека буџетскиот дефицит од 2,5 проценти ке го зголеми на 3,5 % при што не треба да се заборави дека еднаш веќе беше направан ребаланс на буџетот на Република Македонија.
„Практично и премиерот и министерот за финансии вчера официјално ни ја признаа катастрофалната економска и финансиска состојба,со кои ги доведоа во колапс и буџетот и севкупната економска состојба во државата. Во економската наука одлично е објаснето и докажано дека главниот ефект од задолжување со цел раздолжување е ново поголемо задолжување.
Ако се има во предвид дека економските политики ги градат на нереална основа очекувано следната прес конференција на економска тема би била повторно со фалење за задолжување“, рече ВМРП-НП.