Кога двајца пилоти забележале мало парче земја во тек на транспорт на залихи во градот Тикси, не ни претпоставиле дека откриле нов остров.
Овој нов сибирски остров наречен Јаја, укажува на фактот дека Арктикот е слабо истражен и лошо мапиран.
Не е ретка појавата да се пронаоѓаат нови острови, за кои порано не се знаело, но тоа се припишува и на вулканските активности.
Инаку овој остров на Русија ќе и однесе одредена територија и во морето кое го опкружува, но и во воздушниот простор над него.
Аналитичарите велат дека островот сам по себе не е важен, колку што е значаен за целиот регион во кој веќе подолго време Русите прават воени бази и вршат истражувања.
Е. Г.