ВМРО-ДПМНЕ го повика Заев да ги објави информациите со кои се заканува

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев да ги објави информациите со кои вели дека ќе ја натера Владата да се повлече.

– Веќе подолг временски период опозицијата во нашата држава најавува некакви бомби, изненадувања, пумпа атмосфера и креира некоја лажна еуфорија за сопственото членство. Така, таа бомба, според нив, ќе треба за три дена да ја натера владата со наведната глава да се повлече, таа бомба задирала во меѓуетничките односи, и во којзнае уште што, таа бомба можела да наштети на државата, но сепак тие, иако не сакале, ќе ја активирале, таа бомба била многу опасна; па имаше и разни шпекулации што се содржи таа бомба, па нагаѓања, со цел кај јавноста да се создаде свесност и исчекување на темите кои опозицијата сака да ги наметне, се вели во соопштението.

Партијата истакнува дека е подготвена за секакви сцеанрија и оти нема да подлегнува на никакви притисоци и уцени.

– ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за сите можни сценарија, свесни за сопствените вредности и принципи и водени од интересите на државата и нашите граѓани. ВМРО-ДПМНЕ никогаш досега, а ниту во иднина нема да подлегнува на притисоци и уцени и вакви сценарија, без разлика од кого доаѓаат, се наведува во соопштението.

Партијата посочува дека останува посветена на програмските определби и ветувања кон граѓаните и оценува дека со начинот на кој постапува СДСМ не се постигнува доверба кај народот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ