Државна ТВ Русија: Патриотот Шешељ се врати непокорен

Од:

Државната руска телевизија во емисијата „Вести на неделата“ известувајќи за привременото ослободување од Хашкиот трибунал, на лидерот на Српската радикална партија, наведе дека Воислав Шешељ, „патриотот“ се вратил „непокорен и нескршен“.

Нарекувајќи го најпознат политички затвореник во Европа, известувачот од Белград наведе дека неговите приврзаници го пречекале со вистински овации. Тој оцени и дека грандиозниот митинг по повод неговото пристигнување во главниот град на С рбија е еден од најмасовните во последните години.

-Неколку десетици илјади лица од кои многумина носеа и руски знамиња, извикуваа пароли за единство на Србија и Русија – наведе рускиот известувач.

Во извештајот се вели дека Шешељ ја основал партијата, која што ги обединила патриотите во државата и се додава дека крвавата драма во Украина го вознемирила српскиот патриот.

Инаку Шешељ во интервјуто за руската телевизија рече дека кризата во Украина ја измислиле САД и дека со Киев управуваат нацисти, западни агенти чии што татковци порано му служеле на Хитлер и убивале луѓе.

Тој наведе и дека СРС, смета дека Крим е дел од Русија, како што Косово е дел од Србија, но и дека неговата партија се залага за интеграција со Русија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Против Воислав Шешељ е поднесено ново хашко обвинение

Горан Наумовски

Шешељ и радикалите ќе го поддржат Вучиќ за претседател на Србија

А1он

Шешељ повика на апсење новинари

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инцидент на промоцијата на книгата на Војислав Шешељ, „Во Сребреница немаше геноцид“

Драган Поповски

Шешељ ги запали знамињата на НАТО и САД на собирот во Белград

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шешељ: Груевски преку Србија, обезбедуван од српски четници, премина во Унгарија

Наум Локоски