Иванов: Работиме на подобрување на условите

Од:

Македонија работи на подобрување на економијата и на достоинството на животот, порача претседателот Ѓорге Иванов на средбата со македонската заедница во градовите Тотова и Сидар Гроув во Њу Џерси.

„Настојуваме на секој начин тоа што е наша стратегиска цел да го оствариме, Македонија да биде и во НАТО и во Европската унија. Се обидуваме сега со нашите млади луѓе, од кои многумина се вратени во Македонија од Канада или Америка, да го направиме животот многу полесен во Македонија и многу подостоинствен. Многу повеќе се инвестира во младите, во образованието, се мисли и на постарите, со инвестирање во здравството. Се отвораат работни места и доаѓаат инвестиции од странство. Се обидуваме да создадеме амбиент во Република Македонија за луѓето да немаат веќе потреба да одат во потрага по својата среќа, како што сте дошле вие тука во туѓина, туку младите да можат да останат да живеат и да работат во Македонија”, изјави претседателот Иванов.

Претседателот Иванов на средбата го поздрави вклучувањето на Македонците од дијаспората во парламентарните избори во Македонија.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on