На гостувањето во Ливерпул, Манчестер Јунајтед славеше со 2:1, но „Reds“ од 39-та минута играа со играч помалку бидејќи играчот на домашните Shelwey беше исклучен заради груб старт. Кога тргна да го напушта теренот, младиот играч за врска, вербално го нападна гостонскиот тренер, Сер Алекс Фергусон.
„Овој црвен картон е твоја вина“ му дофрли на Фергусон.
„Се извинувам на навивачите, бидејќи во вака важен натпревар добив црвен картон. Морам да кажам дека веќе му се извинив на Фергусон“ – изјави Shelwey.
Од друга страна Фергусон рече – „Црвениот картон беше оправдано досуден. Тука нема дилема. Shelwey проба мене за тоа да ме обвини. Млад е уште, ќе разбере покасно каква глупост направи“.