Приведени имигранти на бугарско-романската граница

Од:

Бугарската полиција денеска на преминот „Дунав мост“ на бугарско-романската граница, во камион со турски регистарски таблички, управуван од државјанин на Турција, откри сириски илегални имигранти, јави БТА.

Полицајците на граничниот премин извршиле проверка на товарниот дел од камионот со апарат „гас-аналитичар“, кој покажал високи вредности на јаглерод диоксид, по што во тој простор пронашле скриени 39 мажи и две жени.

Според документите за транспорт, камионот превезувал стакло за Чешка. Имигрантите заедно со возачот на камионот биле веднаш приведени.

Граничната полиција во градот Русе, инфоримираа дека ова е втор случај на откривање голема група на илегални имигранти на бугарско-романската граница во последниве два дена.

Вчерна на граничниот премин кај Орахово биле приведени 52 лица од Сирија, Ирак и Авганистан, кои биле скриени во специјално изработен бункер во камион, што превезувал зелка за Германија. Возачот на камионот бил кипарски државјанин.

Граничната полиција во Русе информира дека за една недела на бугарско-романската граница биле приведени вкупно 150 илегални имигранти.

Би можело да ве интересира

Трамп најави депортација на имигрантите од Хаити, откако ги обвини дека јадат кучиња

Во близина на село Табановце затекнати 13 мигранти од Сирија

Јанша за мигантската криза: Ѓаволот ја однесе шегата, вооружете се

Предраг Петровиќ

Двајца бугарски полицајци загинаа откако автобус со илегални имигранти удрил во нивниот автомобил

А1он

Судија од Тексас ја блокираше наредбата на Бајден, САД можат да продолжат со депортација на имигранти

Жарко Настоски

Бајден со укази ја запира агонијата на разделените семејства од Латинска Америка

Жарко Настоски