(ВИДЕО) Димковски: Ветија 47 милиони за задругите, не дадоа ни денар

Од:

За земјоделски задруги, во изминатите три години, владата на Никола Груевски само на хартија издвојувала 47 милиони денари1 (околу 750 илјади евра). Преку програмата за рурален развој, во реалноста, од планираните 47 милиони денари ЗА ТРИ ГОДИНИ исплатени се НУЛА денари, рече Трајан Димковски, член на Комисија за земјоделство на СДСМ.

Овој факт во целост ја демантира власта на Никола Груевски. Нула денари за задругите од планираните 47 милиони денари покажуваат колку се нереални најавите на власта дека една задруга може да биде финансирана до 100 илјади евра, додава тој.

Во декември минатата година, владата објави дека се регистрирани 15 задруги.

Бидејќи рокот за пријавување на земјоделските задруги истече вчера, бараме Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој да одговори колку од 15 регистрирани задруги имаат поднесено барања за финансиска поддршка на задругите?

За ова, на хартија, во програмата за рурален развој одвоени се 25 милиони денари или нешто над 400 000 евра. Тоа дополнително потврдува дека една задруга не може да добие 100 илјади евра.

Оттука со право се сомнежите дека и оваа година задругите ќе останат без финансиска помош од владата како изминатите години?

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници