Изаири: Аерозагадувањето подобрено, но не значително

Од:

Аерозагадувањето е подобрено, но не значително од 31 октомври, кога престана со работа „Макстил“, а „Југохром“ работи со преполовено производството, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.

На доделувањето опрема за собирање и рециклирање средства за ладење, ресорниот министер посочи дека освен затворањето на капацитетите кои загадуваат ќе се преземат и други мерки за почист воздух.

– За Скопје се планира стратегија за справување со аерозагадувањето во следниот период, која е во завршна фаза и наскоро ќе се излезе со краткорочните мерки. Во зависност од загадувањето на воздухот ќе има мерки за движење на возилата, што ќе придонесе значително во подобрувањето на квалитетот на воздухот што го дишеме, рече Изаири.

Долгорочно, според него, најдоброто решение е сите производители и оператори да се усогласат со еколошките дозволи, но и да се подигне свеста кај граѓаните.

Би можело да ве интересира

Перински: Министерството за локална самоуправа активно се вклучува со конкретни активности за решавање на проблемот со аерозагадувањето

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување