Исчезнатото 3-годишно дете од Штип пронајдено мртво

Од:

Во месноста Суитлак во близина на Струмина чешма  попладнево пронајдено е телото на тригодишното дете од Штип кое исчезна завчера.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова потврдува дека телото на малиот Чинар Сулејманов е пронајдено, а во моментов се очекува екипите на крим техника да почнат со увидот на лице место.

Станува збор, посочи, за непристапен терен каде што е пронајдено телото на тригодишното момче.

Полицијата во моментов не открива повеќе детали за смртта на Чинар Сулејманов.

Родителите на тригодишното момче го пријавиле за исчезнато завчера во доцните попладневни часови откако не си дошол дома по посетата на домот на неговиот дедо.

Родителите вчера заедно со полицијата ги пребараа сите напуштени куќи и улици во Штип во централното градско подрачје, но и во околните населби но тогаш потрагата не вроди со плод.

Засега полицијата не открива како е пронајденo телото на тригодишното момче и кои се причините за неговата смрт.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово